Пред изборите

24 мртви во експлозија на митинг на авганистанскиот претседател, уште 6 во Кабул (ВИДЕО)

Во експлозијата не е повреден авганистанскиот претседател Ашраф Гани.

Најмалку 24 лица загинаа, 31 се повредени во експлозијата што избувна денеска во близина на местото на изборниот митинг што го одржа авганистанскиот претседател Ашраф Гани во авганистанската провинција Парван.

Две експлозии го потресоа округот, каде што беа собрани неколку илјади луѓе за митингот. Авганистанските власти рекоа дека една од бомбите била импровизирана експлозивна направа, поставена под возило на безбедносните служби. Ниту една екстремистичка организација сè уште не ја презеде одговорноста за нападот.

Експлозијата избувна кога се очекуваше Гани да го почне својот говор. Претседателот не е повреден. Неговиот персонал донел одлука да продолжи со митингот.

Кратко време по овој напад, друга експлозија го потресе мошне обезбедениот центар на Кабул, каде што се наоѓаат амбасадата на САД и зградите на владата.

Нападот, во кој загинале шест луѓе, се случи во близина на плоштадот Масуд во Кабул, близу просториите на американската амбасада, а се појавија и снимки со последиците од експлозијата. Министерството за внатрешни работи рече дека и зградата на Министерството за одбрана е погодена во, како што ја нарекоа, „самоубиствена експлозија“.

Претседателските избори во Авганистан се закажани за 28 септември. Гани ја предводи земјата од 2014 година. Во авганистанскиот устав се вели дека претседателот се избира на пет години и дека може да биде реизбран за втор мандат.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе