29 турски војници убиени во воздушен напад во Идлиб, Ердоган свика итен состанок за Сирија

Најмалку 29 турски војници се убиени во воздушен напад во сириската провинција Идлиб, а не е познато колку војници се повредени. Турските власти соопштија дека нападот го извршила сириската војска.

„Во Идлиб, турските оружени сили беа мета на режимските елементи во воздушен напад“, изјави за медиумите гувернерот на провинцијата Хатај Рахми Доган. Иако тој првично соопшти дека се убиени девет војници, неколку минути подоцна го корегираше бројот на 22, па на 29, јавува турската агенција Анадолија.

Повеќе турски војници се повредени во воздушниот напад, но сѐ уште не се знае колку. Соопштението на Доган се случи во време на состанок на турскиот безбедносен врв, со кој наводно претседавал претседателот Реџеп Таип Ердоган, и чиј фокус бил инцидентот во Сирија.

Во непотврдени извештаи на социјалните мрежи се тврдеше дека десетици турски војници се убиени во „руски воздушен напад“, и дека десетици се повредени. Ништо од ова засега не е потврдено од Анкара.

Ситуацијата во Идлиб, последното бунтовничко упориште во Сирија, драматично ескалираше во последните недели откако Дамаск ја засили офанзивата против исламистичките милитанти во борбата околу стратегиските градови, поради што турската војска ипрати илјадници војници и воена опрема да ги поддржи своите сојузници, кои се борат против силите лојални на сирискиот претседател Башар ал Асад. Хатај е турската провинција која граничи со Идлиб.

Анката ја отфрли можноста да се повлече од Идлиб, барајќи Русија да ја повлече својата поддршка на сириските трупи, па Москва ја обвини Турција дека поддршката на милитантите го крши претходно постигнатиот договор за деескалациска зона.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе