21 година од потонувањето на Курск, гордоста на Русија (ВИДЕО)

Денес се навршуваат 21 година од несреќата на руската подморница Курск, кога загинаа сите 188 членови на екипажот.

EPA-EFE

Трагедијата се случи околу 120 наутички милји североисточно од Мурманск, а подморницата по две силни експлозии потона на дното на Баренцовото Море, последниот ден од големите поморски маневри на Северната флота на руската воена морнарица.

Инцидентот ги шокираше Русите не само затоа што Курск беше една од најсофистицираните подморници, туку и затоа што руската опрема не успеа да ја најде подморницата и да ги спаси морнарите и затоа што властите со денови одбиваа помош од странство. Многу експерти зборуваа дека тоа пловило е едно од најмодерните оружја во тоа време и дека претставувало гордост на руската војска.

Набрзо по испловувањето на подморницата, експлодирало едно од торпедата во цевката, усмртувајќи ги поголемиот дел од 118-те морнари и трупот, со 23 преживеани, паднал на морското дно.

Во тоа што останало од подморницата 23-та морнари се забарикадирале во поплавениот преден дел и го чекале спасот кој никогаш не стигнал. Дури девет дена по инцидентот, на 21 август, тим британски и норвешки нуркачи пристапил до подморницата и го нашол целиот екипаж мртов. Две децении подоцна, катастрофата која го измени рускиот политички систем останува обвиена со мистерија како последица на прикривањето кое следело.

Истрагата заклучи дека повеќето морнари веднаш загинале, а дека оние што ја преживеале експлозијата биле живи уште осум часа. Голем број роднини, пак, веруваат дека морнарите биле живи подолго време и дека испраќале сигнали за помош.

Во теориите на заговор се вклучија и руските медиуми. Тогаш рускиот весник Московские ведомости објави, а пренесоа и дел од западните медиуми, дека подморницата ја погодил руски противбродски проектил 3М35 гранит лансиран од ракетен крстосувач. Тие тврдења подоцна беа негирани со објаснување дека не е возможни противбродски проектил да потопи подморница на длабочина од околу 18 метри.

Во 2005 година во градот Курск, на петгодишнината од трагедијата, беше поставен споменик за настраданите морнари на подморницата Курск.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе