78 дена живот под бомби

21 година од бомбардирањето на НАТО врз СР Југославија, во кое настрадаа 89 деца (ВИДЕО)

Денес се навршуваат 21 година од почетокот на воздушните напади на НАТО врз Сојузна Република Југославија.

Сирените се слушаа 78 дена, а вкупниот број на жртвите никогаш не е утврден. Се проценува дека во текот на 11 недели загинаа меѓу 1.200 и 2.500 луѓе, од кои 89 деца, додека вкупната материјална штета е проценета на повеќе десетици милијарди долари.

Нападот врз Србија, односно СРЈ, беше извршен без одобрение на Советот за безбедност на Обединетите нации, што беше преседан.

Наредбата на тогашниот командант на сојузничките сили, американскиот генерал Весли Кларк, му ја издаде генералниот секретар на НАТО Хавиер Солана.

Кларк подоцна, во книгата „Модерно војување“, напиша дека планирањето на воздушната операција на НАТО против СРЈ „кон средината на јуни 1998 веќе на големо била во тек“ и дека завршило кон крајот на август таа година.

Откако српското собрание потврди дека не ја прифаќа одлуката за странски трупи на својата територија и предложи сили на Обединетите нации да го надгледуваат мировното решение на конфликтот на Косово, НАТО на 24 март 1999 во 19:45 ги почна воздушните напади со крстосувачки ракети и авијација, во повеќе места во Србија и Црна Гора.

Деветнаесет земји на Алијансата го почнаа бомбардирањето од бродови во Јадранско Море и од четири воздухопловни бази во Италија.

Според процената на владата на Србија, во бомбардирањето загинаа најмалку 2.500 луѓе, од кои 89 деца (според некои извори вкупниот број на загинатите бил речиси 4.000), а ранети и повредени биле над 12.500 луѓе.

Вкупната материјална штета тогаш беше проценета на 100 милијарди долари. воените загуби на НАТО во луѓе и техника никогаш не беа објавени.

Тогашните власти во Белград тврдеа дека се соборени повеќе десетици летала, што никогаш не беше потврдено. Руската агенција АПН објави дека НАТО изгубил над 400 војници и повеќе од 60 летала, додека американскиот претседател Бил Клинтон во говорот на 10 јуни 1999 наведе дека НАТО не претрпел „никакви жртви“.

Во Музејот на воздухопловството во Белград се чуваат остатоци од урнатите авиони Ф-117, Ф-16, беспилотни летала, крстосувачки проектили...

По повеќе дипломатски притисоци, бомбардирањето заврши со потпишување на Воено-техничкиот договор во Куманово на 9 јуни 1999, за три дена потоа да почне повлекувањето на силите на СРЈ од Косово и Метохија.

На 10 јуни 1999 Советот за безбедност на ОН ја усвои Резолуцијата 1244, а во српската покраина беа испратени 37.200 војници на КФОР од 36 земји.

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе