20.000 Новозеланѓани пред џамијата во која беше извршен нападот, премиерката дојде со марама (ВИДЕО)

Муслиманскиот повик на молитва се слушна во петокот низ Крајстчерч и Нов Зеланд, каде што се собраа илјадници луѓе за да им оддадат почит на загинати 50 луѓе убиени од вооружениот напаѓач во двете џамии пред една недела.

Премиерката Џасинда Ардерн заедно со 20.000 луѓе во тишина им оддаде чест на жртвите во паркот Хегли, пред џамијата Ал нур, каде што беа убиени повеќето жртви за време на молитвата минатиот петок.

Ардерн, која брзо го осуди нападот како терористички чин, најави вчера забрана на полуавтоматските и јуришните пушки.

Таа дојде во паркот Хегли во придружба на министрите и безбедносните функционери со црна марама на главата. Полицајки во паркот исто така имаа марами и црвена ружа на униформите.

„Нов Зеланд тагува со вас. Сите сме едно“, порача таа во краткиот говор пред двете минути молк за жртвите.

Повеќето жртви на најстрашното масовно пукање на Нов Зеланд биле емигранти или бегалци од земји како Пакистан, Индија, Малезија, Индонезија, Турција, Сомалија, Авганистан и Бангладеш.

„Срцата ни се скршени, но ние не сме. Живи сме, заедно сме и решени да не дозволиме кој било да нѐ подели“, им кажа на присутните имамот Гама Фуда.

„На семејствата на жртвите сакам да им кажам дека вашите најмили не умреа попусто. Нивната крв залеа семе на надежта“, порача имамот во молитвата која ја пренесуваше националната телевизија.

Илјадници луѓе им оддадоа почит на жртвите низ целата земја, а некои формираа и човечки синџири пред џамиите. Други се молеа во училиштата, кафулињата па дури и на работните места.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе