200 уапсени во Русија, обвинети за поврзаност со „непожелна организација“

Руската полиција приведе околу 200 лица на собир на независни и опозициски политичари во Москва, обвинувајќи ги за поврзаност со „непожелна организација", соопшти група за човекови права и телевизиска станица.

EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Луѓето се приведени среде потиснување на антивладиното расположение, по апсењето и затворањето на опозицискиот политичар Алексеј Навални, кој се врати во Русија во јануари откако се опорави од труењето со нервен отров во Сибир.

Форумот, закажан за во сабота и недела, е собир на општински претставници од целата земја, изјави за радиото Ехо Москва Андреј Пивоваров, организатор и извршен директор на Отворена Русија, група со седиште во Британија основана од поранешниот нафтен магнат и критичар на Кремљ, Михаил Ходорковски.

Полицијата влегла во зградата и почнала да ги одведува учесниците до полициски комбиња кои чекале надвор, како што покажуваат видеата од ТВ Реин и руски новински агенции.

Полицијата соопшти дека привела 200 лица и објасни дека „голем број учесници немале заштитна опрема“ и дека меѓу нив имало и „членови на организации чии активности се непожелни на руска територија“.

ОВД-Инфо, која го следи притворањето на политички демонстранти и активисти, објави список со 170 приведени.

„Финалето на форумот беше многу симболичен: пратеници во полициски комбиња и маскирана полиција кој им ги извртува рацете“, напиша лидерот на опозицијата Илиja Јашин на Фејсбук. „Но никој не ни вети слобода на сребрена чинија. Русија сепак ќе биде слободна“.

Отворена Русија е една од повеќе од 30 групи кои Москва ги идентификува како непожелни и забранети според законот од 2015 година.

Групите за човекови права велат дека законите за „непожелни“ организации и „странски агенти“ можат да се користат за вршење притисок врз членовите на граѓанското општество.

Русија го негира ова и вели дека законите се потребни за заштита на националната безбедност од мешање однадвор.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе