20 повредени кога „вработен“ нападнал ученици во основно училиште во Кина

Еден човек нападнал ученици во основно училиште во Пекинг, повредувајќи 20 при што најмалку три деца се со сериозни повреди. Осомничениот е уапсен.

Инцидентот се случил околу 11:15 часот по локално време во областа Сиченг, соопшти полицијата. Деталите за нападот се нејасни, но почетните непотврдени извештаи сугерираат дека осомничениот користел нож.

Сите жртви се хоспитализирани. Три од децата претрпеле сериозни, но не опасни по живот повреди и се во стабилна состојба.

Според локалните вести, на видеото што циркулира во кинеските социјални медиуми се гледа како директорот вели дека напаѓачот работел во училиштето.

„Вработен од нашето училиште нападна 20 ученици на скалите на првиот кат“, рече наставникот, цитиран од Саут Чајна морнинг пост.

Според други извештаи се наведува дека напаѓачот можеби работел како чистач во училиштето во минатото.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе