Во забавен парк во Индија

2 мртви, десетина повредени откако преполно нишало се скршило на половина (ВОЗНЕМИРУВАЧКО)

Најмалку две лица го загубиле животот во ужасна несреќа во забавен парк во Ахмедабад, Индија, откако нишало преполно со луѓе се скршило на половина во воздух и се урнало на земја.

Главната оска на нишалото Дискавери се скршила веднаш штом почнала да добива брзина, катапултирајќи ги сите во воздух. Вознемирувачките видеа од местото на настанот го покажуваат моментот на инцидентот, како и лицата што брзаат да им помогнат на повредените.

Две лица загинале во трагедијата, додека 15 се однесени во болница со сериозни повреди, рече Виџај Нехра од Општинската корпорација Ахмедабад.

Покрената е истрага за причината на инцидентот за да се види дали авантуристичкиот парк Канкарија имал соодветна дозвола за нишалото, а се испитува и одржувањето на опремата.

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе