19-та сабота по ред

Илјадници луѓе на протестите на „Жолти елеци“, полицијата со солзавец на демонстрантите (ФОТО+ВИДЕО)

Во Париз и во повеќе градови во Франција „Жолтите елеци“ протестираа 19-та сабота по ред, на повеќето места протестите завршија мирно и покрај тоа што полицијата употреби солзавец против маскирани демонстранти во главниот град на земјата.

За време на протестите беа распоредени дополнителни сили за безбедност и беше воведена забрана за собири во места каде што претходно имаше немири и судири со полицијата.

Извори блиски до Министерството за внатрешни работи објавија дека до два часот попладне на протестите во Франција биле излезени околу 8.300 лица, од кои околу 3.100 во Париз.

Минатата сабота во исто време имало 14.500 луѓе низ целата земја, а во главниот град околу 10.000.

Полицискиот оддел на Париз објави дека 51 лице е уапсено од почетокот на протестите.

Во Париз е забрането да се протестира на авенијата Шанзелизе, каде што минатата недела имаше немири. Денес на Шанзелизе беа распоредени полициски возила, а водените топови беа во приправност.

Поради оваа забрана „Жолтите елеци“ протестираа во вториот дел од Париз каде што толпатата извикуваше „Оставка на Макрон“.

Во Ница, протестите на Жолтите елеци беа целосно забранети, полицијата приведе 20 лица за учество во неовластени собири.

Посебните безбедносни мерки во Ница се должеа и на очекуваната посета на кинескиот претседател Си Џинпинг кој требаше да пристигне како дел од неговата мини-европска турнеја.

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе