Карантин

1.800 патници на крузер кај Хонг Конг чекаат резултати од тест за коронавирусот (ВИДЕО)

Над 1.800 патници и членови на екипажот на крузер кој пристигна денес во Хонг Конг се задржани на бродот додека се спроведува тестирање за коронавирусот, откако неколку патници пријавиле дека имаат треска, соопштија властите.

Во поранешната британска колонија едно лице вчера умре од коронавирусот, а потврдени се уште 18 случаи, вклучувајќи и најмалку четири случаи на локално пренесување на вирусот.

Здравствените работници од Хонг Конг штрајкуваат неделава за да ги принудат градските власти да ја затворат границата со Кина, во која вирусот се појави минатиот месец, за да спречат негово ширење.

Крузерот Ворлд дрим, еден од бродовите од флотата на компанијата Дрим крузис, влезе во пристаништето на Хонг Конг откако му беше одбиено барањето да влезе во пристаништето Каохшиунг во јужен Тајван.

Вирусот бил дијагностициран кај тројца Кинези од внатрешноста на земјата кои крстосувале од 19 до 24 јануари, соопшти здравствениот оддел на Хонг Конг, додавајќи дека повеќе преостанати патници се од Хонг Конг.

Дрим крузис соопшти дека трите лица кај кои бил потврден вирусот на 24 јануари се симнале во јужниот кинески град Гангжу.

Вирусот забрзано се рашири низ Кина и зарази околу 25 илјади луѓе и уби 490, главно во градот Вухан и провинцијата Хубеи.

Лидерката на административниот регион Хонг Конг, Кери Лам, сопре дел од врските со копното и затвори дел од граничните премини, но три останаа отворени. Кажа дека би било непримерно, непрактично и дискриминаторно да се затвори целата граница.

Стравот од коронавирусот доаѓа по противвладините протести во Хонг Конг, предизвикани од стравот дека Пекинг планира да ја загрози автономијата загарантирана со формулата „една земја, два системи“. Полицијата во текот на ноќта употребила солзавец и гумени куршуми да ги разбрка толпите во руралните делови од градот, откако демонстрантите ја осудија одлуката на владата границата да остане отворена.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе