16 лица загинаа во кинески рудник поради јаглерод моноксид

Во кинески рудник за јаглен во југозападниот кинески град Чонгкинг загинаа 16 лица и само едно лице е спасено.

Screenshot

Спасувачите биле повикани во рудникот откако 17 лица останале заробени во него поради прекумерно ниво на јаглерод моноксид.

По операцијата за спасување, единствениот преживеан рудар бил испратен на лекување во болница.

Чонгкинг е голем град во кој живеат повеќе од 30 милиони луѓе.

Кина е најголем производител и потрошувач на јаглен во светот, а нејзините рудници некогаш важеле за едни од најопасните во светот.

Стандардите за безбедност се подобрени во последниве години, но несреќи продолжуваат да се случуваат. Во кинеските рудници за јаглен се забележани 170 фатални несреќи, што довеле до 316 смртни случаи во 2019 година, според официјалниот весник на комунистичката партија Пиплс дејли.

Хонгконгшкиот регулаторот за работнички права, Чајна лејбор булетин, соопшти дека сè поголем е бројот на несреќи во рудниците за јаглен во Кина како последица од акумулацијата на гасови и минатата година изнесувал 37,3% од вкупниот број на смртни случаи во рудниците за јаглен во Кина.

Регулаторот за несреќата ги обвини сопствениците на рудниците кои ги намалуваат трошоците за да заштедат пари, додавајќи дека повеќето регулатори сè уште немаат моќ да ги спроведат безбедносните стандарди.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе