15 отсто од Германците нема да можат да ги платат комуналните услуги поради цената на гасот

Германските комунални претпријатија проценуваат дека поради високата цена на гасот до 15 отсто од нивните клиенти нема да можат да ги платат сметките за комунални услуги, изјави шефот на здружението ВКУ.

EPA-EFE

Околу 900 комунални претпријатија дистрибуираат две третини од гасот во Германија, а испорачуваат и струја, вода и топлинска енергија, го одложуваат отпадот и обезбедуваат пристап до интернет.

Претпријатијата купувале гас по многу високи цени па се очекува од октомври да ги пренесат трошоците врз граѓаните преку планираниот надомест за гасот.

„Некои комунални претпријатија проценуваат дека до 15 отсто од клиентите нема да можат да ги платат сметките“, кажа директорот на Германското здружение на комунални претпријатија Ингберт Либинг.

Смета дека би требало да се воведе мораториум на објавување несолвентност на доставувачите на енергија, додавајќи дека на претпријатијата ќе им треба помош и на есен.

Предлага владата да го намали ДДВ-то на гасот и струјата. Владејачките социјалдемократи веќе составиле предлог кој предвидува заштита на комуналните претпријатија од несолвентност ако се присилени да набавуваат гас по повисока цена, јавува Ројтерс.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе