Ер Индија експрес

14 мртви, 123 повредени откако авион ја промаши пистата, загинале и пилотот и копилотот (ВИДЕО)

Полицијата потврди 14 загинати и 123 повредени од патничкиот авион на Ер Индија експрес на пат од Дубаи со 191 лице, кој ја промаши пистата за време на слетувањето на аеродромот во Кожикоде во индиската држава Керала.

Полицискиот шеф во Малапурам, Абдул Карем, ги потврди бројките за новинската агенција АНИ. За петнаесет лица се вели дека се „сериозно повредени“.

Официјални лица исто така потврдија дека и пилотот и копилотот загинале при слетувањето.

Индиските медиуми објавија дека авионот ја промашил пистата, паднал во долина и се распаднал.

Сликите и видеата што кружат на социјалните медиуми покажуваат дека авионот се распаднал на две парчиња. Во тек се операции за спасување.

 

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе