130.000 бегалци исчезнале откако биле регистрирани во Германија

Околу 13 проценти од сите мигранти што официјално влегле во Германија во 2015 година никогаш не се појавиле на местото за сместување предвидено за нив, објави вчера Зидојче цајтунг. Веста доаѓа во време кога Берлин ги заострува законите за барателите на азил.

Статијата на весникот се базира на официјалниот одговор на германското Федерално министерство за внатрешни работи на барањето поднесено од Партијата на левицата. Министерството дало две објаснувања за оваа појава: или бегалците подоцна отпатувале во некоја друга европска земја или одбрале да живеат нелегално во Германија.

Според Франк-Јирген Вајзе, шефот на германската федерална канцеларија за миграции (БАМФ), има околу 400.000 лица што бараат азил во земјата, а кои немаат лични карти ни пасоши, па германските власти не можат да ги идентификуваат.

Минатата година Берлин не беше во можност да ги протера сите илегални имигранти во земјата што е одговорна за нив, што според Даблинската регулатива е членката на ЕУ во која бегалецот прво влегол.

Само еден од 10 баратели на азил се вратиле во земјата од која влегол во Германија, а во 2014 година бројката беше еден од пет бегалци.

Во четвртокот Бундестагот усвои нова легислатива, заострувајќи ги правилата за азил. Денеска Горниот дом на германскиот парламент, Бундесратот, треба да го одржи конечното гласање за предлог-законот со кој земјата ќе може полесно да се справува со приливот на имигранти.

Новите закони ќе ја олеснат депортацијата во случај Германија да не го признае барањето за азил. Построги ќе бидат и правилата за обединување на семејството, па барателите на азил отсега ќе мора да живеат две години во Германија пред да им биде дадено правото да ги повикаат членовите на своите семејства да им се придружат.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе