121 лице во Турција осудени на доживотен затвор за обидот за пуч во 2016

Судот во Анкара осуди на доживотен затвор 121 лице за наводна вмешаност во обидот за воен удар во 2016 година, објави денес државната новинска агенција Анадолу.

Фото: ЕПА

Судот осуди 86 лица на построги доживотни казни за „обид за кршење на уставот“ а уште 35 други на доживотен затвор, според Анадолу.

Поранешен полковник е осуден на девет доживотни казни без можност за помилување за „убиство со предумисла“. Построгата доживотна казна значи и потешки затворски услови.

Полковникот е обвинет дека по неуспешниот пуч наредил егзекуција на шефот на антитерористичката полиција и на неговиот телохранител.

Телохранителот беше убиен, а началникот на полицијата преживеа, но беше тешко ранет.

Турција го обвинува исламскиот свештеник Фетулах Ѓулен за обидот за воен удар на 15 јули 2016 година и затвори илјадници луѓе за наводни врски со него.

Заклучно со декември, 1.934 лица се осудени на доживотен затвор, објави Анадолу.

Ѓулен, поранешен сојузник на претседателот Реџеп Таип Ердоган, негира каква било улога во неуспешниот пуч, во кој загинаа 251 лице, а беа повредени повеќе од 2.000.

Турските власти во последните неколку недели ги засилија рациите низ целата земја, но и во војската.

Вооружените сили се ослободија од скоро 20.000 членови на персоналот по неуспешниот пуч, рече турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, претходно во јуни. Повеќе од 4.000 лица сè уште се проверуваат, додаде тој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе