12-годишник од Австралија го зел кучето и со камионет побегнал од пожарот

Австралиската полиција спаси 12-годишно момче кое побегнало од пожарот со своето куче возејќи го камионетот на својот брат, јави Би-би-си.

Лук Старек бил сам дома кога пожарот се приближил до градот Могумбер северно од Перт. Неговиот татко Иван Старек и постариот брат биле на терен и го гаснеле пожарот што се ширел во областа. Кога огнот се приближил до нивниот дом, момчето го зело кучето и се одвезол со камионетот на својот брат Форд Рејнџер. Еден час подоцна, пожарникарите го нашле момчето зад волан и го одвеле на безбедност.

„Типично момче од фарма, многу паметно, мислам дека единствен проблем беше што не знаеше каде да оди, поради целиот тој чад беше отежната видливоста“, рече Крег Спенсер од Противпожарната бригада во Биндон.

Откако го пронашле, пожарникарите го однеле во полиција каде се нашол со татко му, кој рекол дека е многу горд на својот син. Тој изјави дека го учел да вози уште кога имал седум години и тоа поради ситуации како оваа.

Инаку, предупредувања за пожари се на сила во источна и западна Австралија. Во државата Западна Австралија пожарникарите веќе шест дена се борат со пожари северно од Перт. Пожарот што зафати повеќе од 13.000 хектари земја денес е ставен под контрола, при што евакуираното население се враќа дома.

Во меѓувреме, издадено е ново предупредување за пожар при што се уништени 20 куќи во близина на Сиднеј.

Инаку, во пожарите од септември загинаа шест лица и се уништени повеќе од 700 домови.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе