„Најлош вид на суровост кон ова дете“

11-годишно девојче роди дете на силувач, Аргентина рече не за абортус

Активистите ги осудија властите за тоа што ги игнорираа молбите на девојчето „Сакам да го отстраните она што старецот го стави во мене“.

11-годишно девојче кое забременило откако било силувано, е принудено да се породи откако аргентинските власти ѝ го одбиле абортусот на кој има право.

Властите ги игнорирале барањата за абортус од страна на девојчето наречено Лусиа за да се заштити нејзиниот идентитет, како и од нејзината мајка и од голем број Аргентинки активисти за човекови права. По 23 недели од бременоста, таа морала да се породи со царски рез во вторникот. Бебето веројатно нема да преживее.

Овој потег е опишан како „најлош вид на суровост кон ова дете“ и се обвинува стратегијата против избор во земјата која ги принудува девојките да ја носат бременоста до крај.

Лусиа на психологот во болницата која ја примила после двата обиди за самоубиство ѝ рекла: „Сакам да го отстраните она што старецот го стави во мене“, пренесе Гардијан.

Лусиа, најмладата од трите сестри забременила откако била злоставувана од 65-годишниот партнер на нејзината баба. Таа била под грижа на бабата од 2015 година, откако нејзините две постари сестри, наводно, биле злоставувани од партнерот на нејзината мајка.

Лусиа открила дека е бремена на 23 јануари во центарот за прва помош во нејзиниот роден град во северната провинција Тукуман. Една недела подоцна, детето е примено во болницата Ева Перон во близина на главниот град на провинцијата Тукуман. Поради само нанесени исеченици од очигледни обиди за самоубиство таа е ставена под заштита од државата.

Со тоа што се одложувала постапката до 23 недела од бременоста на Лусиа, здравствените власти во вторникот одлучиле да извршат царски рез. Одлуката следела по наредба од судот за преземање итна акција, со оглед на должината на бременоста.

Сесилија Оусет, докторката која ја извршила постапката заедно со својот сопруг и колега доктор Хорхе Хихена, рече: „Го спасивме животот на едно 11-годишно девојче кое беше измачувано цел месец од провинцискиот здравствен систем“.

Таа го обвини гувернерот на Тукуман, Хуан Мансур дека го користи детето за политички цели.

„Поради изборите тие [властите] го спречија легалниот прекин на бременоста и го принудија малото девојче да се породи“, рече таа. „Нозете ми се тресеа кога ја видов, беше како да ја гледам мојата помлада ќерка. Девојчето тотално не разбираше што ќе се случи“.

Оусет рече дека Лусија е во добра состојба по постапката, но не очекува дека бебето ќе преживее.

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе