Ова е третата престрелка во училиште во изминатите осум дена и 22-ра од почетокот на 2018 година. Полицајците по дојавата за пукањето со огнено оружје брзо реагирале и го уапсиле осомничениот, за кој се верува дека е ученик во училиштето.
„Осомничениот се наоѓа во притвор по пукањето во средното училиште Санта Фе“, рече Крис Ричардсон, заменик-обвинител.
Си-ен-ен известува дека уште едно лице е притворено покрај осомничениот напаѓач.
Според сведоците, човек упаднал во училницата со автоматска пушка и почнал да пука. Еден од сведоците рече дека видел ученичка со повредена нога.
„Повредените ги превезуваат во болница во блискиот град Галвстон“, рече портпаролот на болницата Раул Рејес.
Засега не е познато колку има ранети.
„Стоевме пред училиштето, но по пет минути слушнавме звуци на испукани куршуми“, рече една од ученичките и додаде дека слушнала четири истрели.
Целиот училиштен округ е под полициска опсада и е блокиран.