Напаѓачот уапсен

10 мртви во пукање во училиште во Санта Фе (ВИДЕО)

Меѓу осум до десет лица загинаа во престрелка утрово по локално време во средно училиште во Санта Фе во североисточниот дел на Тексас, пренесе Си-ен-ен.

Ова е третата престрелка во училиште во изминатите осум дена и 22-ра од почетокот на 2018 година. Полицајците по дојавата за пукањето со огнено оружје брзо реагирале и го уапсиле осомничениот, за кој се верува дека е ученик во училиштето.

„Осомничениот се наоѓа во притвор по пукањето во средното училиште Санта Фе“, рече Крис Ричардсон, заменик-обвинител.

Си-ен-ен известува дека уште едно лице е притворено покрај осомничениот напаѓач.

Според сведоците, човек упаднал во училницата со автоматска пушка и почнал да пука. Еден од сведоците рече дека видел ученичка со повредена нога.

„Повредените ги превезуваат во болница во блискиот град Галвстон“, рече портпаролот на болницата Раул Рејес.

Засега не е познато колку има ранети.

„Стоевме пред училиштето, но по пет минути слушнавме звуци на испукани куршуми“, рече една од ученичките и додаде дека слушнала четири истрели.

Целиот училиштен округ е под полициска опсада и е блокиран.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе