Во Киев денеска

10 мртви цивили, демонстрантите зазеле хотел и пукаат со снајпери, екипата на Раша тудеј нападната (ФОТО+ВИДЕО)

Битката за Киев на Плоштадот на независноста се разгорува - демонстрантите се судриле со безбедносните сили во дожд од снајперски куршуми. Повеќе десетици луѓе се повредени во ескалацијата на насилството, а има информации и за голем број цивилни жртви, пренесува Раша тудеј.

Демонстрантите стигнале до зградата на парламентот на земјата истуркувајќи ја полицијата во блискиот парк Марински. Прогласена е итна евакуација и членовите на парламентот и вработените ја напуштаат зградата.

Демонстранти на Плоштадот на независноста

Демонстрантите пукале кон екипата на Раша тудеј што се обидувала да го сними разгорувањето на насилството на киевскиот Плоштад на независноста.

Вооружените демонстранти го зазеле хотелот Украина, заробувајќи ја екипата на РТ внатре, и пукаат од прозорците кон луѓето надвор.

Полицијата јави дека повеќе од 20 полицајци се повредени со снајперски оган.

Демонстрантите утрово фрлаа камења и молотови коктели кон полицијата, и покрај тоа што е прогласен ден на жалост, во знак на почит кон 28-те луѓе што загинаа во немирите. На Плоштадот пристигнале амбулантни возила, а видеоснимките покажуваат како повеќе луѓе се одвезуваат на носила.

Полицијата фрла солзавец за да ги смири демонстрантите.

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе