Во Ломбардија затворени школите, рестораните и јавните служби

10 италијански града во изолација поради коронавирусот, бројката на заразени не престанува да расте

Околу 10 италијански града, претежно во Ломбардија, се изолирани откако беа потврдени два смртни случаи и скоро 80 случаи на заразени од новиот коронавирус.

Премиерот на Италија, Џузепе Конте, рече дека нема да бидат дозволени ни влегување ни излегување од областа каде што е потврдена заразата, освен во посебни случаи.

Во Ломбардија, во северна Италија, училиштата, рестораните и јавните служби се затворени, а властите ги откажаа закажаните собири.

Во Рим вчера пристигнаа 19 италијански државјани што изминативе две недели ги поминаа во карантин на крузерот „Дијамантска принцеза“, вкотвен кај јапонското пристаниште Јокохама.

Вкупно 79 лица се заразија со новиот вирус во Италија, а две починаа, покажуваат податоците на цивилната заштита.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе