Поради новиот закон

10-годишно девојче во Охајо забременило од силувач, сега не смее да абортира

Маж (27) во американската сојузна држава Охајо е обвинет дека силувал 10-годишно девојче, кое поради последната одлука на Врховниот суд не смее да абортира во својата држава. Гершон Фуентес вчера се појави пред судот во градот Колумбус. Американскиот претседател Џо Бајден зборуваше за случајот во говор во Белата куќа.

Милиони жени го загубија долгогодишното уставно право на абортус по одлуката на Врховниот суд на САД во јуни. Во говорот минатиот петок во кој ја осуди пресудата, претседателот Бајден почна со извештај за случајот на детето, луто велејќи: „Замислете да сте тоа мало девојче!“

Неколку часа по одлуката на Врховниот суд, пратениците од Охајо забранија абортуси по шестата недела, без исклучоци за жртвите на силување или за инцест. Според локалните медиуми, детето било бремено шест недели и три дена. Обвинетиот признал дека ја силувал девојката, а тоа било потврдено и со ДНК-анализа.

Фуентес е државјанин на Гватемала и илегално се наоѓа во САД, пишува Фокс њуз повикувајќи се на непознат извор. Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува доживотен затвор. Случајот првпат беше изнесен во јавноста на 1 јули со неколку детали во Индистар. Додека другите медиуми се обидуваа да ја потврдат приказната, истакнатите републиканци почнаа да ја доведуваат во прашање нејзината вистинитост.

Меѓу скептиците беше и конгресменот Џим Џордан, републиканец од Охајо, кој на Твитер напиша дека приказната е „уште една лага“. Оттогаш твитот е избришан.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе