1 милион Руси влегле во ЕУ од почетокот на војната во Украина, соопшти граничната агенција

Речиси 1 милион руски граѓани влегле во Европската Унија во шесте месеци откако нивната земја ја нападна Украина, соопшти во четвртокот граничната агенција на ЕУ Фронтекс.

Фото: ЕПА

Вкупно 998.085 сопственици на руски пасоши влегле во ЕУ од денот на инвазијата на 24 февруари до 22 август, изјави портпаролот на Фронтекс за германската новинска агенција Дпа.

Во меѓувреме, околу 7,7 милиони украински граѓани влегле во ЕУ, а 4,7 милиони се вратиле во својата татковина по руската инвазија, соопшти Фронтекс претходно овој месец, пренесе Москва тајмс.

Податоците доаѓаат додека ЕУ дебатира за забрана за издавање визи за руските туристи, која беше јавно поддржана од Финска, Чешка и Естонија.

Летонија, Литванија и Полска престанаа да издаваат нови туристички визи за Русите по инвазијата на Украина на 24 февруари. Естонија, пак, им го забрани влезот на Русите што веќе добиле визи, а Финска вети дека ќе го намали бројот на обработените руски барања за туристичка виза за 90% почнувајќи од 1 септември.

Како компромис, чешката влада, наводно, се очекува да предложи воведување повисоки трошоци и време на обработка за краткорочните визи за влез на Русите и Белорусите на состанокот на ЕУ следната недела.

Европската комисија соопшти дека барањата за руска виза треба да се оценуваат поединечно.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе