вторник, 19 март 2024

Вестите треба понекогаш да почнат со културата или спортот, тие се нашите амбасадори, вели актерката Новотни

Објавено на

часот

Сподели

Новотни вели дека големите имиња од регионот ја сакаат македонската кинематографија и даваат искрени и позитивни критики.

– Големите имиња од регионот ја сакаат македонската кинематографија, не сакаат нас, Македонците како народ. Добро бевме примени на фестивалот и добивме искрени и позитивни критики. На тркалезните маси, од нас беа задоволни луѓе кои веќе се во осмата деценија од својот живот, а кои важат за големи филмски критичари, вели Новотни во интервју за МИА.

За филмот „Обичната Ели“ Новотни вели дека сè се случи во времето кога започна ковид пандемијата.

„Тогаш сите се затворивме дома. Јас во тој период бев на кастинг, и после три круга, добив информација дека ја добив улогата во филмот „Обичната Ели“. Кога го прочитав сценариото, сфатив дека беше како пишувано за мене. Тоа е филм кој говори за секој од нас, обработува секојдневна тема и станува збор за проблем со кој сите ние на некој начин се соочуваме.

Конкретно, обичната Ели работи во музеј, но сака да излезе од рамките на секојднеивето, сака да биде нешто друго. Сака малку слободно да дише. Филмот говори за таа двојба, дали сака и може или не може и не сака. Станува збор за таа нејзина отуѓеност. Ели живее со рибата. Рибата е нејзин најдобар пријател, но вербата дека нешто ќе постигне ја води секој ден во сè поголема неодлучност, затоа што во денешно време безгласноста, особено на нас уметниците не води назад. Ние не дека сме молчаливи – ние работиме, гласни сме. Меѓутоа, на нас треба да ни се отворат повеќе врати, да ни се дадат крилата, да не ни се врзат, за да го кажеме тоа што го имаме на сцената или на платното. Токму затоа, ова е комплексен лик. Лик кој нема многу дијалози, играта е најмногу со емоции и токму затоа ме допре. Во тој период, епидемијата ми покажа дека ние не треба да се задоволиме со малку, не треба малку да ни е доволно, бидејќи тоа нè враќа назад. Ние треба да грабиме напред и да создаваме, дури и во најтешките времиња. Ако се вратиме назад низ историјата, можеме да забележиме дека вистинските уметници создавале токму во најтешките времиња. Тогаш се раѓаат најубавите дела во уметноста“, вели актерката.

На прашањето какви чувства изразуваат големите имиња од регионот, Новотни вели:

„Проблемот е комплексен. За да се учествува на кој било фестивал, најпрвин треба да се аплицира, а секоја апликација чини од 200 до 500 евра. И ова не значи дека селекторот ќе го одбере филмот. Конкретно, за ‘Обичната Ели’ бевме лимитирани за аплицирање надвор, затоа што имавме малку финансиски средства. Големите имиња од регионот ја сакаат македонската кинематографија, не сакаат нас Македонците како народ. Добро бевме примени на фестивалот и добивме искрени и позитивни критики. На округлите маси од нас беа задоволни луѓе кои веќе се во осмата деценија од својот живот, а кои важат за големи филмски критичари.

Мене најголемата награда ми беше ‘наградата’ од публиката, од критичарите и од другите колеги кои се искрени и кои сакаат да прашат и некои работи што ги виделе, а не ги разбрале, или ги разбрале, а поинаку ги гледаат, преку својот „диоптер“. Имаше интересни разговори и тоа ми даде сила за понатаму“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ