„Одиме забрзано по својот пат не грижејќи се дека разликите се сè поголеми“

Папата ручаше со сиромашните: Алчноста на малкумина придонесува за сиромаштијата на многуте (ФОТО)

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско вчера оцени дека „алчноста на неколку богати луѓе" придонесува за тешката ситуација во која се наоѓаат сиромашните, пред да сподели оброк со бездомниците и невработените, што стана традиција на неговата работа.

Додека служеше миса во базиликата Свети Петар посветена на подигнување на свеста за сиромаштијата ширум светот, папата посочи на недостатокот на загриженост заради се поголемите разлики меѓу оние кои имаат и оние кои немаат.

„Одиме забрзано по својот пат, не грижејќи се дека разликите се сè поголеми и дека алчноста на малкумина придонесува за сиромаштијата на многу други“, рече папата на мисата на која присуствуваа многу сиромашни луѓе.

 

По мисата, папата ги повика стотици ранливи луѓе, вклучително и мигранти, да ручаат со него во Ватиканската палата, пренесе АП.

Обраќајќи им се на собраните на плоштадот Свети Петар, папата Франциско рече дека таквите иницијативи претставуваат доказ дека никогаш не треба да недостасува внимание кон „тие наши сестри и браќа“.

 

Тој изрази незадоволство од незаинтересираноста на општеството кон сиромашните.

Околу 150 маси во приемната сала во Ватикан биле поставени, а за други 1.500 загрозени лица биле организирани оброци на други локации во Рим.

 

Во парохии ширум Италија исто така било организирано делење оброци за оние кои не можат да си ги дозволат.

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе