Штета од 300 000 долари

Откако им изгорела куќата виделе дека осигурителната полиса им истекла

Македонско семејство од Перт, Австралија, е во шок бидејќи по пожарот во нивниот дом откриле дека всушност осигурителната полиса им истекла и сега се соочуваат со штета од 300.000 американски долари.

Околку 4 часот изутринава, 75-годишната жена од Перт која боледувала од рак спиела кога избувнал пожарот. Останатите станари почнале да бегаат од огнената стихија и се обидувале однадвор да ја спасат жената.
„Истрчав надвор и го зграпчив цревото, буквално борејќи се со него." – раскажува нејзиниот син Ник Цалевски појаснувајќи дека пламените јазици биле премногу интензивни.

До моментот кога пристигнале пожарникарите за кратко време домот бил целосно зафатен.

„Мајка ми се бори. Таа е со стап за одење, за да не може да излезе надвор, а брат ми ја крена и ја влечеше надвор", рече Цалевски појаснувајќи дека бидејќи вдишала големи колични на чад укажана и била медицинска помош на самото место.

Неверојатно, но за среќа никој не е повреден во пожарот, а пожарникарите претпоставуваат дека причина за пожарот е некоја литиумска батерија или пак некој електричен апарат во кој се случила хемиска реакција. 

Шокот за семејството следел утринава кога откриле дека осигуриутелната полиса за домот им истекла поради што мора сами да се соочуваат со материјалната штета од 300.000 американски долари. 

 

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе