Првиот марсотрес

Зошто „тивката бучава“ на Марс е толку возбудлива (АУДИО)

Таа е „доказ дека Марс сè уште е сеизмички активен“.

На Марс е откриена „слаба бучава“, но таа значи нешто големо - првиот сеизмички сигнал откриен на површината на планетарно тело што не е нашата планета, ниту е месечината.

Тоа му успеа на леталото Инсајт на НАСА. Тоа ги следи потресите што може да ја разјаснат внатрешноста на Марс уште откако во декември минатата година неговата роботска рака постави заштитен сеизмометар на западната страна на рамницата Елисиум, неколку недели откако слета.

Клучниот момент се случи на 6 април, 128 дена од почетокот на мисијата. „Овој конкретен марсотрес, првиот што сме го виделе, е многу, многу мал“, вели главниот научник на мисијата, Брус Банерд. „Дури не би го ни забележале во вашиот секојдневен живот“.

Истражувачот Том Пајк додава: „За многу работи не сме сигурни“, но „веројатно е настан со магнитуда од само 1 до 2, можеби во зона од стотина километри“.

Потресот, кој траел 10 минути, може да значи движење во внатрешноста на планетата или удар од метеорит.

Интересно е тоа што научниците од Инсајт велат дека типот на бучавата многу ги потсетува на типот на податоците што сензорите на Аполо ги собраа на површината на Месечината, вели Би-би-си. Тимот исто така испитува помали сигнали откриени на 14 март, 10 и 11 април, но сè уште не може да потврди дека се сеизмички настани.

„Кога имате таков настан, не знаете дали само имате среќа, но кога ќе видиме два или три такви, ќе знаеме повеќе“ за активноста на планетата, рече Пајк за Би-би-си.

„Многу е возбудливо тоа што конечно имаме доказ дека Марс сè уште е сеизмички активен“, рече шефот на сеизмометарот на Инсајт, Филип Лоњоне, за сајтот Спејс. „Чекавме со месеци“.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе