Откритие на германско-швајцарски тим научници

Зошто има пластика во арктичкиот снег? (ВИДЕО)

Едно ново откритие вели дека микропластиката се разнесува низ целата планета преку атмосферските ветрови и дека ние ја дишеме.

Микропластиката, тој широко распространет реликт на модерната доба, денес е навлезена навидум во секој дел од планетата, вклучувајќи го и најоддалечените области на Арктикот. Научниците беа збунети околу тоа како оваа поплава од загадување успеала да се пробие до такви далечни места, далеку од урбаните центри каде што се создава.

Сега тим од германско-швајцарски истражувачи ја откри изненадувачката рута на микроскопските честички - тие се пренесуваат горе во воздухот и паѓаат на Арктикот како снег.

Истражувачите собрале примероци од снег од островите Свалбард користејќи релативно примитивен метод - лажичка за десерт и тегли. Откриле повеќе од 10.000 такви честички на литар стопен снег.

Студијата предизвика загриженост за тоа колку микропластиката ја загадува атмосферата, што претставува потенцијален ризик за здравјето на луѓето и животните што ја вдишуваат.

Здравствените последици од вдишената микропластика сè уште се малку познати, вели Мелани Бергман, морски еколог и главен автор на студијата.

Уште полоша може да биде заканата од нанопластиката во воздухот - честички толку ситни што во суштина се невидливи и за кои скоро ништо не се знае.

„Тие, всушност, можат да влезат во клетките“, вели Бергман. „Значи можеби имаме голем проблем“.

 

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе