Земјотресот во Мексико доведе до откривање на древен храм (ВИДЕО)

Археолози кои проценувале штета на мексиканска пирамида по разорниот земјотрес во сеептември откриле остатоци од древен храм, јавува Би-би-си.

Храмот се наоѓа во внатрешноста на пирамидата Теопанзолко во сојузната држава Морелос, 70 километри јужно од Мексико Сити. Експертите сметаат дека храмот е граден во 1150 година и ѝ припаѓа на културата Тлахуика, еден од ацтечките народи од централно Мексико.

Структурата му е посветена на Тлалок, ацтечкиот бог на дождот. Археолозите изјавија дека имала димензии 6 метри со 4 метри. Меѓу урнатините на храмот се најдени и садови за согорување мирисни материи и остатоци од керамика.

До откритието се дошло додека научниците од мексиканскиот Национален институт за антропологија и историја (ИНАХ) со радар ја проверувале штетета на пирамидата во Куернавака.

Археолошката Барбара Коњеча изјави дека земјотресот со јачина од 7,1 степен по Рихтер кој го погоди Мексико во септември предизвикал голема штета на пирамидата, особено на нејзините два храма. Експертите изјавија дека народот Тијахуика живеел во десетици мали градови-држави во регионот на денешната мексиканската држава Морелос.

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе

Mоменталната правна поставеност на урбанистичкото планирање не обезбедува соодветна судска заштита на граѓаните.

повеќе

А кои се играчите на игрите на среќа? Во огромен број тоа се токму оние лица со просечни примања и пензионери

повеќе