Земјата погодена од метеорска експлозија 10 пати помоќна од нуклеарна бомба (ФОТО)

На 18 декември 2018 година се случила втората најголема метеорска експлозија во последниве сто години и речиси никој не забележал, и покрај тоа што емитувала енергија еквивалентната на 173 килотони ТНТ - 10 пати помоќна од бомбата во Хирошима.

Експлозијата се случила на небото над Берингово Море од рускиот полуостров Камчатка. Настанот е откриен од страна на 16 инфразвучни мониторинг станици ширум светот, кои се поставени да откријат нуклеарни експлозии во атмосферата на Земјата. Патеката од чад на експлозијата е снимена од страна на јапонскиот Химавари-8 сателит за време, кој случајно во тоа време го фотографирал тој дел од небото.

Наводно метеорот над Беринговото Море, експлодирал близу патеката на комерцијален авион меѓу Северна Америка и Азија, иако нема известувања за забележување на експлозијата.

„Кога ќе ги видите овие инфразвучни бранови, веднаш знаете дека имало удар или големо ослободување на енергија", изјави астрономот Алан Фицсимонс од Кралскиот Универзитет во Белфаст за Њу сајантист.

НАСА спроведе независно истражување за настанот користејќи ги американските воени сателити и утврди дека метерот патувал со брзина од околу 115.200 километри на час и експлодирал на надморска височина од 25,6 километри.

Користејќи ги сателитските податоци, се проценува дека вселенската карпа била со дијаметар од околу 10 метри, со маса од околу 1.400 тони, што значи не ја достигнала долната граница на НАСА од 140 метри за астероидот да се класифицира како опасен објект во близина на Земјата.

Експлозијата во Чељабинск во 2013 година (440 килотони) ги оштети зградите во радиус од неколку стотици километри, 1.200 лица биле повредени, иако не биле пријавени смртни случаи. Настанот Тунгуска во 1908 година (3 мегатони) срамни околу 2.000 квадратни километри од сибирската шума.

НАСА регистрираше 774 атмосферски огнени топчиња од 1988 година, при што повеќето од нив експлодирале безопасно над океаните на Земјата.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе