Глобален медиумски форум во Бон

Запознајте ја Софија, роботот-новинарка, која работи веќе три месеци (ВИДЕО)

„Иднината на новинарството е во роботите. Запознајте ја Софија, спортска новинарка што работи веќе три месеци.“

Вака беше претставена роботот-новинарка на Глобалниот медиумски форум во организација на Дојче веле, кој се одржува во Бон.

Софија одговараше на новинарски прашања и кажа дека сака да напише книга, која сигурно ќе биде научна фантастика, но рече и дека сака да има заедница на луѓето и роботите во првата колонија на Марс.

Софија беше хит на Форумот, сите сакаа да се фотографираат со неа, а таа само трепкаше и се смешкаше.

Жана П. Божиновска

од Бон

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе