Вака беше претставена роботот-новинарка на Глобалниот медиумски форум во организација на Дојче веле, кој се одржува во Бон.
Софија одговараше на новинарски прашања и кажа дека сака да напише книга, која сигурно ќе биде научна фантастика, но рече и дека сака да има заедница на луѓето и роботите во првата колонија на Марс.
Софија беше хит на Форумот, сите сакаа да се фотографираат со неа, а таа само трепкаше и се смешкаше.
Жана П. Божиновска
од Бон