Зачудувачки промени кај астронаутите по една година во вселената

Во една неодамнешна студија научниците откриле дека престојот во вселената подолго време може да доведе до истите телесни несакани ефекти на кои се изложени пливачите што пливаат во широки води. Така, двете активности можат да доведат до намалување на димензиите на срцето.

Фото: ЕПА

Истражувачите дошле до тој заклучок споредувајќи ја состојбата на астронаутот Скот Кели, кој помина една година во вселената, со состојбата на маратонскиот пливач Беноит Лекомте. Во двете ситуации дошло до атрофија на органите.

Истражувањето го предводел д-р Бенџамин Левин, професор по интерна медицина на Универзитетот во Тексас при Југозападниот медицински центар во Далас, а резултатите беа објавени во списанието Сиркулејшн.

Истражувањето е важно затоа што дава значителен увид во тоа што би можело да се случува со астронаутите за време на долгорочните вселенски експедиции, како на пример на Марс, што американската агенција НАСА го планира во следните децении.

„Истражувањата покажаа дека срцето е неверојатно 'пластично' и дека се приспособува на притисокот на кој е изложено. Недостигот од притисок поради недостиг од гравитација довело до тоа срцето на Кели да изгуби маса. За време на вселенски лет една од работите што се случуваат е што веќе немате толку изразен крвен притисок кон горниот дел од телото, бидејќи нема гравитација“, изјави Левин за Би-би-си.

 

Една година на Меѓународната вселенска станица

Астронаутот Скот Кели помина 340 дена на Меѓународната вселенска станица, делумно за да им овозможи на научниците да го испитаат влијанието на долгиот престој во вселената врз човечкото тело. Од друга страна, тој бил пливач, кој во 2018 година тргнал да плива преку Тихи Океан, па за 159 дена успеал да преплива повеќе од две илјади и осумстотини километри, пливајќи во просек скоро шест часа на ден, по што се откажал. Научниците успеаја да докажат дека толку многу пливање има сличен ефект на притисокот врз срцето како и престојот во вселената и во услови без гравитација, бидејќи едно лице поминува повеќе време во хоризонтална положба, пишува Би-би-си.

Тие исто така објаснуваат како научниците подолго време го истражувале лежењето во хоризонтална положба со цел да ги симулираат условите за време на лет во вселената, бидејќи дури и при лежење се менува крвниот притисок, односно протекот на крв помеѓу главата и стапалата. Во исто време, според искуството на професорот Левин, како најдобра позиција за истражување се покажала позицијата во која едно лице лежи сосема рамно на грбот или стомакот. На овој начин, крвниот притисок во телото се менува и предизвикува, по долго време, срцето (кое е, како што е познато, е мускул) да ја намали својата маса.

„Гледајќи ја левата комора на господинот Лекомте, видовме дека таа изгубила 20-25 проценти од вкупната тежина за време на четири до пет месеци пливање. Во текот на годината во вселената, видовме до 27 проценти загуба на срцевата маса кај астронаутот Кели“, рече Левин.

Добрата вест е дека процесот на намалување на срцевата маса може да се врати наназад со редовно вежбање. Астронаутите имаат редовен и многу ригорозен план на вежбање. Иако им помага, се чини дека тоа не е доволно за да се намали влијанието на престојот во орбитата врз мускулите и коските.

Токму тоа му било интересно на Левин затоа што верувал дека пливањето, како значителна и многу тешка физичка активност, ќе го намали влијанието врз срцето и другите мускули кај Лекомте.

„Тоа е интересно кај науката, учиш најмногу кога откриваш работи што воопшто не си ги предвидувал“, рече тој подоцна, пишува Би-би-си.

Тој вели дека почнал да го разгледува тоа откритие, па сфатил дека Лекомте плива долго, многу часови на ден, но не толку интензивно како, на пример, Мајкл Фелпс. Неговата вежба едноставно не е доволно „агресивна“.

Добрата вест е дека промените во срцето не се долгорочни. Атлетичарот и астронаутот закрепнале брзо по враќањето на копното, односно на Земјата.

Научниците исто така забележуваат дека престојот во вселената може да го зголеми ризикот од оштетување на срцето, што може да се покаже катастрофално ако астронаутот доживее срцев удар во орбитата.

Професорот Левин е дел од програмата Сајфер на НАСА, во која уште десет астронаути ќе бидат испратени на долгорочни мисии во вселената, а научниците ќе испитуваат многубројни параметри на нивните срца.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе