БепиКоломбо

Вселенското летало на пат кон Меркур чкрапна неколку фотки од Земјата (ФОТО)

Бепи Коломбо, заедничката европско-јапонска мисија до Меркур, денеска го заврши својот прв прелет крај Земјата. Леталото дојде на помалку од 12.700 километри од Земјината површина и се упати кон својата крајна дестинација, Меркур. На фотографиите што ги направи непосредно пред да се доближи до најблиската точка се гледа нашата планета како сјае во мракот, во еден од најтешките периоди во поновата историја на човештвото .

Гравитациониот прелет ѝ овозможи на вселенската сонда да сврти кон внатрешниот Сончев систем и да загуби на брзина.

Леталото не смее да патува премногу брзо кога ќе пристигне кај Меркур во 2025 година, инаку нема да може да влезе во орбитата на ситната планета.

„Ќе беше фино ако можевме да извршиме експресен трансфер и тогаш ќе бевме таму за неколку месеци, но тоа не функционира за оваа мисија“, вели Елса Монтањон, контролорка на лет, задолжена за БепиКоломбо во Европската вселенска агенција (ЕСА), за Би-би-си њуз.

Исто како овој прелет околу Земјата, Бепи мора да изведе уште два слични маневри кај Венера и шест кај самиот Меркур за да се намести на потребната позиција.

Мисијата БепиКоломбо од 3 милијарди евра беше лансирана во октомври 2018 година. Леталото се состои од два научни сателити - европскиот Меркуров планетарен орбитер (МПО) и јапонскиот Меркуров магнетосферски орбитер (ММО) - кои се споени со погонски модул за долго крстосување.

Не само што мора да се контролира брзината на вселенското летало, туку и неговата наклонетост мора да биде во прецизен однос со рамнината на планетите. Орбитата на Меркур е за 6 степени поместена од онаа на Земјата.

Од лансирањето во 2018 година, леталото веќе комплетираше еден и пол циклус околу Сонцето на својата грандиозна одисеја, патувајќи на растојание од приближно 1,4 милијарди км. До моментот кога ќе се смести кај Меркур и ќе биде подготвен да ги почне научните набљудувања, Бепи ќе има завршено 18 циклуси и ќе има поминато повеќе од 8,5 милијарди км.

Научниците од мисијата вклучија голем број од инструментите на дуото при прелетот крај Земјата, за да ги тестираат и да ги калибрираат. За жал, главната камера на МПО на Европа не можеше да работи поради нејзината позиција леталото. Но малите инспекциски камери од страната на Бепи успеаја да чкрапнат неколку црно-бели слики од Земјата и Месечината.

Наредниот прелет ќе биде кај Венера во октомври. Во поголем дел од долгиот пат контролорите на Земјата ќе ја ограничат комуникацијата со вселенското летало на околу еден контакт неделно.

„Се разбира, дури и кога сме на тивко крстосување, има некои операции за одржување што треба да се направат со сателитот. Значи, обично, на секои шест месеци правиме детален преглед од потсистемите и инструментите каде што ги активираме единиците што нормално не се активни само за да се осигуриме дека тие сè уште функционираат како што треба“, објасни Елса Монтањон.

 

Што ќе истражува БепиКоломбо на Меркур?

Европските и јапонските елементи на мисијата ќе се разделат кога ќе стигнат до Меркур и ќе вршат различни улоги.

Европскиот МПО е дизајниран да го мапира теренот на Меркур, да генерира висински профили, да собира податоци за структурата и составот на површината на планетата, како и да ја насети нејзината внатрешност.

Приоритет на јапонскиот ММО ќе биде проучувањето на магнетното поле на Меркур. Ќе го испита однесувањето на теренот и неговата интеракција со „сончевиот ветер“, разбрануваната маса на честички што се оддалечуваат од Сонцето. Овој ветер комуницира со суперслабата атмосфера на Меркур, вовлекувајќи ги атомите во низа што достигнува далеку во вселената.

Надежта е дека паралелните набљудувања на сателитите конечно ќе можат да ги решат многуте загатки за овој мал свет.

Една од клучните прашања се однесува на преголемото железно јадро на објектот, кое претставува 60% од масата на Меркур. Науката сè уште не може да објасни зошто планетата има само тенка карпеста покривка.

Објавено

Сабота, Април 11, 2020 - 00:01

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе