„Осигурителна полиса за планетата Земја“

Вселенските агенции ќе судрат вселенско летало со астероид со брзина од 23.760 км/ч

НАСА и ЕСА се подготвени да ја тестираат планетарната одбрана на Земјата за да видат дали можеме успешно да се одбраниме од евентуален напад од вселенските карпи. Но научниците не се сигурни што ќе се случи.

Целта што ја одбрале е астероидот Дидимос Б, со дијаметар од околу 160 метри, една половина од бинарниот астероиден систем. Дидимос Б орбитира околу поголемиот астероид Дидимос А на секои 11,92 часа и ова ќе помогне да се утврди крајниот успех (или неуспех) на мисијата.

Системот Дидимос е класифициран како објект близу Земјата (НЕО), што значи дека е блиску, но не премногу блиску за да може да нè погоди, што го прави совршен тест-субјект за вежбање на нашата антиметеорска моќ.

Заедничкиот проект за процена на удар и одбивање на астероид (АИДА) беше почнат од ЕСА и НАСА во 2015 година, а Земјиниот шампион избран за мисијата ќе биде вселенското летало Двоен тест за пренасочување астероиди (ДАРТ) на НАСА.

„Денес, ние сме првите луѓе во историјата што ја имаат технологијата потенцијално да одбијат астероид за да не удри во Земјата“, рече астрономот Иан Карнели од ЕСА за Технолоџи ривју.

„Клучното прашање што останува да се одговори е дали технологиите и моделите што ги имаме се доволно добри за да функционираат? Пред да возите автомобил, треба да имате осигурителна полиса. Е па, АИДА е осигурителната полиса на планетата Земја.“

Сепак, мисијата може да има и компликации.

Кога јапонската вселенска агенција JAXA го бомбардираше астероидот Рјугу во април, се создаде далеку поголем кратер од предвиденото. Покрај тоа, материјалот на површината се однесуваше како песок, што може да влијае на успехот на одбивањето.

„Ако гравитацијата е исто така доминантна кај Дидимос Б, иако е многу помал, може да завршиме со многу поголем кратер отколку што покажаа нашите модели и експериментите базирани на лаборатории“, објасни планетарниот научник Патрик Мишел од ЦНРС.

„На крајот на краиштата, многу малку се знае за однесувањето на овие мали тела за време на ударите и тоа би можело да има големи последици за планетарната одбрана“.

ДАРТ ќе удри во Дидимос Б со брзина од 23.760 километри на час. Сепак, целата таа сила ќе резултира само со промена на брзината на астероидот од само еден сантиметар во секунда или така нешто, што би можело да го промени орбиталниот период од скоро 12 часа на само неколку минути.

Мисијата треба да почне во јули 2021 година, а ударот се очекува во септември 2022 година.

Кубсат наречен ЛИСИАкуб (минијатурен сателит за вселенско истражување) ќе се одвои од леталото ДАРТ непосредно пред ударот и ќе испрати фотографии од ударот на Земјата за анализа, така што директно ќе видиме дали сме осудени на пропаст или не.

Вселенското набљудувачко летало на ЕСА Хера ќе биде лансирано во 2023 година и ќе почне со набљудувања од 2027 година, за да ја даде конечната процена на мисијата.

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе

Хрватскиот музичар и кантавтор Дадо Топиќ уште во далечната 1973 година во неговата култна песна „Македонија" ја опиша нашата татковина како „земја каде сонцето вечно сјае".

повеќе

Одолговлекувањето на истрагата за случајот „Рекет" е тесно поврзана со политичките проценки за тоа до каде може да се оди во тактиката „жртва за квалитет".

повеќе