Џејмс Веб

Вселенскиот телескоп го постави своето златно огледало, последниот голем ризик (ВИДЕО)

Две недели по лансирањето, телескопот Џејмс Веб на НАСА вчера го постигна својот најнов голем потфат: огледалата се распоредени и овој најмодерен телескоп ја доби својата конечна форма.

Фото: скриншот

Новиот вселенски телескоп на НАСА вчера го отвори своето позлатено огледало во облик на цвет, најголемото и најделикатно што е досега лансирано. Ова беше последниот чекор во драматичното поставување на опсерваторијата.

Последниот дел од 6,5-метарското огледало се постави на своето место по команда на контролорите на летот, со што е завршено поставувањето на вселенскиот телескоп Џејмс Веб.

„Емотивен сум поради ова. Каков неверојатен потфат. Сега го гледаме тој прекрасен строј таму на небото“, рече Томас Зурбухен, шеф на научната мисија на НАСА.

Помоќен од вселенскиот телескоп Хабл, телескопот Веб, вреден 10 милијарди долари, ќе ја скенира вселената во потрага по светлината емитувана од првите ѕвезди и галаксии формирани пред 13,7 милијарди години. За да го постигне ова, НАСА мораше да го опреми Веб со најголемото и најчувствително огледало што некогаш било лансирано - неговото „златно око“, како што го нарекуваат научниците.

Веб е толку голем што мораше да биде здиплен како оригами за да го собере во ракетата што беше лансирана од Јужна Америка пред две недели. Најризичната операција се случи во почетокот на неделата, кога се „оддипли“ штитот со големина на тениско игралиште, обезбедувајќи ја потребната сенка за огледалото и инфрацрвените детектори.

Контролорите на летот во Балтимор почнаа да го отвораат примарното огледало во петокот, расклопувајќи ја левата страна како масичка на преклоп. Расположението беше уште поведро вчера, а контролната соба ја исполнуваше весела музика додека десната страна се местеше на своето место. Откако изаплаудираа, контролорите веднаш се вратија на работа, убаво прицврстувајќи ги сите делови.

Ова огледало е направено од берилиум, лесен, но цврст и ладноотпорен метал. Секој од неговите 18 дела е обложен со ултратенок слој од злато, кој е високорефлектирачки на инфрацрвена светлина. Шестоаголните сегменти со големина на мала масичка мора да се приспособат во наредниве денови и недели за како целина да можат да се фокусираат на ѕвездите, галаксиите и вонземските светови што може да содржат атмосферски знаци на живот.

Веб за уште две недели би требало да стигне до својата дестинација оддалечена 1,6 милион километри. Ако сè продолжи да се одвива добро, научните набљудувања ќе почнат ова лето. Астрономите се надеваат дека ќе успеат да погледнат сѐ до 100 милиони години од формирањето на универзумот со Големата експлозија, поблиску отколку што постигна Хабл.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе