Вселенскиот телескоп Џејмс Веб во моментов го изведува својот најкритичен маневар

Огромниот вселенски телескоп, кој беше лансиран на католички Божиќ, во моментов е во процес на отворање на својот сончев штит. Ако нешто тргне наопаку, тоа може да ја загрози целата мисија.

Фото: НАСА

По тензичното лансирање на католички Божиќ, вселенскиот телескоп Џејмс Веб ја почна својата мисија да го снима раѓањето на универзумот.

Телескопот летна од Француска Гвајана на 25 декември носен од ракетата Аријана 5. Околу 27 минути подоцна, се одвои од ракетата и го отвори својот соларен строј, кој ги напојува неговите погонски и комуникациски системи, како и научните инструменти.

Неговите следни големи маневри беа две коригирања на патеката, вклучувајќи ги ракетните мотори за да го поттурнат кон неговата правилна орбита околу сонцето, на гравитациски стабилна локација наречена Л2 на околу 1,5 милион километри од Земјата.

Во двете корекции било употребено помалку гориво од предвиденото благодарение на прецизноста на ракетата Аријана 5, што значи дека телескопот ќе има доволно гориво за да трае „значително“ подолго од очекуваниот 10-годишен работен век, според инженерите на НАСА. За разлика од неговиот претходник, вселенскиот телескоп Хабл, Џејмс Веб ќе отиде предалеку за да може да се сервисира, така што секое преостанато гориво е бонус.

На 3 јануари операторите на Џејмс Веб го почнаа најкритичниот маневар на вселенското летало - одвиткувањето и затегнувањето на неговиот сончев штит, кој ги штити чувствителните инструменти на телескопот од моќното зрачење на сонцето.

Штитот е составен од пет слоја лесен термички материјал наречен каптон и е широк колку тениско игралиште. Неговото одвиткување е повеќестепен процес што вклучува повеќе од 140 механизми за отворање. Ако тие не се извршат правилно, целата мисија може да биде во опасност, но инженерите на НАСА се уверени во успехот по многубројните проби на Земјата.

„Не очекувам никаква драма“, рече проект-менаџерот на вселенскиот телескоп Џејмс Веб, Бил Окс, на прес-конференцијата на 3 јануари. „Најдобрата опција за операциите е ‘здодевно’. И тоа е она што го очекуваме во следните три дена - да биде здодевно“.

Покрај планираните маневри, инженерите на НАСА мораа да се приспособат и на променливите услови околу телескопот, како што е прецизно нагодување на неговите енергетски системи и земањето предвид температури повисоки од очекуваните во моторите на сончевиот штит поради инцидентната сончева светлина.

„Имавме една недела да видиме како опсерваторијата всушност се однесува во вселената. Не е невообичаено одредени карактеристики на вашето вселенско летало да ги откриете откако ќе тргне во лет“, рече Мајк Менцел од Центарот за вселенски летови Годард на НАСА.

Откако комплетно ќе се отвори штитот, следната голема задача е распоредувањето на огледалата на телескопот. Најпрво на 7 јануари секундарниот рефлектор ќе биде извлечен пред примарните огледала, а потоа на 8 и 9 јануари ќе бидат отворени примарните огледала, широки 6,5 метри, вели Њу саентист.

Откако огледалата ќе бидат целосно распоредени, телескопот до крајот на јануари ќе продолжи кон Л2, доколку сѐ оди според планот. Телескопот потоа дополнителни пет месеци ќе ги нагодува своите инструменти и системи пред да биде подготвен да го снима примордијалниот универзум.

Легенда под Главна слика

Фото: НАСА

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе