Времето постоело и пред Големата експлозија, вели нова студија

Според едно директно толкување на општата релативност, Големата експлозија не била почетокот на „сè“.

Земајќи ја без никаков сомнеж познатата равенка на Ајнштајн и создавајќи колку што е можно повеќе претпоставки, тим истражувачи го вратиле наназад часовникот на нашиот универзум за да откријат дека тој воопшто не води до точка на запирање, туку би нè однел низ некој друг вид почеток во некој превртен простор.

За да разбереме што е целата врева околу Големата експлозија, треба малку да премотаме наназад за да сфатиме зошто физичарите сметаат дека тоа можеби не е почетокот на сè.

Пред околу 90 години, белгискиот астроном по име Жорж Леметр сугерираше дека согледаните промени во менувањето на светлината од далечните галаксии значат дека универзумот се шири. А ако станува сè поголем, значи дека порано бил помал.

Продолжете да го мотате часовникот наназад - околу 13,8 милијарди години - и стигнуваме до точка кога просторот мора да имал неверојатно ситен волумен, што е познато и како сингуларност. Во времето на Големата експлозија, целата материја во универзумот била згмечена во една неверојатно топла, бескрајно густа дамка.

„Во тоа време, на Големата експлозија, целата материја во универзумот би била збиена. Густината би била бесконечна“, објасни еднаш Стивен Хокинг во своето предавање за „Почетокот на времето“.

Постојат голем број модели што физичарите ги користат за да го опишат степенот на ништото во празниот простор. Општата релативност на Ајнштајн е еден од нив - ја опишува гравитацијата во однос на геометријата на основното ткиво на универзумот.

Теоремите предложени од Хокинг и од математичарот Роџер Пенроуз тврдат дека решенијата за равенките на општата релативност на една бескрајно ограничена скала, како онаа внатре во сингуларноста, се нецелосни.

Во секојдневни услови, често се вели дека физиката се распаѓа кај сингуларноста, што доведува до мешавина од шпекулации за она малку што можеме да го исцедиме од физиката, а кое сè уште има смисла.

Хокинг неодамна го даде својот одговор во интервју за Нил де Грас Тајсон, каде што ги спореди димензиите на простор-времето на Големата експлозија со Јужниот Пол. „Нема ништо јужно од Јужниот Пол, така што немало ништо ни пред Големата експлозија“, рече тој.

Но други физичари тврдат дека имало нешто и пред Големата експлозија. Некои предлагаат дека од другата страна постои универзум - огледало на нашиов, каде што времето се движи наназад. Други тврдат дека постои „бумеранг-универзум“.

Со малку поинаков пристап, физичарите Тим А. Кословски, Флавио Меркати и Дејвид Слоун смислиле сосема нов модел, истакнувајќи дека критичната точка произлегува од контрадикција во својствата во одредена точка во времето, како што е дефинирано со општата релативност.

Она што теоремата не го објаснува е како воопшто универзумот ваков каков што ние го набљудуваме стигнува до таа точка.

Оддалечувајќи се од целокупното прашање на сингуларноста, истражувачите одново го протолкувале постојниот модел на намалување на просторот со тоа што ја разликувале картата на самиот простор-време од „нештата“ во него.

„За сите услови што се проблематични излегува дека се неважни за однесувањето на квантитетите што утврдуваат како универзумот се појавува од внатре“, вели Слоун, физичар од Универзитетот во Оксфорд.

Она што во суштина е ново е описот на Големата експлозија каде што физиката останува непроменета бидејќи се преориентира фазата во која дејствува.

Наместо сингуларност, тимот ја нарекува Јанус точка, по римскиот бог со две лица.

Релативните позиции и скали на нештата што го сочинуваат универзумот се сплескуваат во дводимензионална палачинка кога го враќаме времето наназад. Преминувајќи ја точката Јанус, таа палачинка повторно се претвора во 3Д, само од назад кон напред.

Тешко е да се каже што значи тоа во физичка смисла, но истражувачите веруваат дека тоа би можело да има длабоки импликации врз симетријата во физиката на честичките, можеби дури и создавајќи еден универзум базиран првенствено на антиматерија.

„Ние не воведуваме нови принципи и не правиме никакви модификации на Ајнштајновата теорија на општата релативност - само на толкувањето врз објектите“, вели Слоун.

Без сомнение, оваа дебата ќе се разгори во иднина. Којзнае? Можеби во огледало-универзумот постои некој сличен аргумент што се развива некаде на другата страна од точката Јанус.

Извор: Саенс алерт

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе

Како граѓани на независна и суверена Република Македонија веќе се навикнавме постојано да живееме во секојдневни тензии и стресови.

повеќе