Вторпат во историјата на човештвото

Војаџер 2 влезе во меѓуѕвездениот простор (ВИДЕО)

Вторпат во историјата, објект направен од човечки раце успеа да стигне во меѓуѕвездениот простор, јави НАСА.

Вселенската сонда на американската вселенска агенција Војаџер 2 ја напушти хелиосферата, односно заштитната област (балонот) од магнетни полиња и честички кои ги произведува Сонцето.

Споредувајќи ги податоците од различните инструменти добиени од леталото, тимот начуници на НАСА утврди дека Војаџер 2 го напуштил Сончевиот систем на 5 ноември 2018 година.

Научниците на НАСА би требало да се сретнат со колегите од Американската геофизичка унија (АГУ) за да ги протолкуваат добиените информации, пишува порталот Физ.

Првата сонда Војаџер на НАСА во 2012 година влезе во меѓуѕвездениот простор, но леталото беше неисправно. Војаџер 2 сѐ уште носи исправен инструмент кој ќе овозможи проучување на овој природен излез во меѓуѕвездениот простор.

Војаџер 2 се наоѓа на одалеченост од нешто повеќе од 18 милијарди километри од Земјата. Експертите на НАСА сѐ уште можат да комуницираат со сондата.

Информациите патуваат со брзина на светлината и потребни се 16 и пол часа да стигнат од леталото до Земјара. За споредба, светлината од Сонцето до Земјата патува осум и пол минути.

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе