3М22 „циркон“

Во случај на американски напад врз Москва, ова е одговорот на Русите

Државната телевизија Русија1 ги означи воените центри во САД во кои се донесуваат одлуките како потенцијални мети на проектилот „циркон“ во случај американски ракети да ѝ се заканат на Русија.

Мети на нападот би можеле да бидат: зградата на Пентагон во Вашингтон во кој се наоѓаат високите штабови на војската и Комитетот на началниците на штабовите, владиниот контролен центар Камп Дејвид, контролниот центар на претседателот на САД и командниот центар на Комитетот на началниците на штабовите Форт Ричи, во државата Мериленд.

Тие три објекти се наоѓаат на источниот брег на САД. На западниот брег потенцијални мети се центарот за управување со стратегиските офанзивни сили Маклелан, во Калифорнија, и центарот за управување со нуклеарните сили Џим Крик, во државата Вашингтон.

Претседателот на Русија Владимир Путин во обраќање пред федералното собрание соопшти дека хиперсоничната ракета „циркон“ ќе може да развува брзина од 9 маха и дека има дострел над 1.000 километри. Таа ќе биде поставена на бродови и подморници.

Во случај на закана, тие ракети ќе бидат употребени за гаѓање на командните центри во САД, од каде се управува со американскиот противракетен систем во Европа.

Американскиот противракетен штит може да користи и ракети со краток и среден дострел за напади врз територијата на Русија.

Претходно рускиот пензиониран контра-адмирал Всеволод Хмиров изјави дека ракетата „циркон“ од бродовите на руската воена морнарица може да ја погоди целта за пет минути од растојание од 500 километри од брегот.

Таков хиперсоничен систем како што е „циркон“ практично го пробива секој систем на противвоздушна и противракетна одбрана, и од него нема заштита.

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе