Во петти обид Спејсекс успешно ја приземји ракетата Старшип (ВИДЕО)

Компанијата Спејсекс на Илон Маск, во петти обид во средата успеа да приземји прототип на ракетата Старшип на полигон во Тексас, без леталото да експлодира.

Screenshot

Тест летот претставува голема победа за амбициозната компанија која сака со Старшип да пренесува екипаж на Марс.

„Номинално слетување на Старшип!“, триумфално објави на Твитер основачот на компанијата Илон Маск, откако претходните четири обиди завршија со експлозии на леталата.

„Номинално“ значи нормално во контекст на вселенски лет.

Слетувањето не било беспрекорно и мал пламен ја зафатил основата на ракетата висока 50 метри кратко по слетувањето.

Експертот на Спејсекс, Џон Инспрaкер, објасни дека ова „не е невообичаено со метанското гориво што го користиме“, додавајќи дека инженерите сè уште решаваат проблеми со дизајнот.

Пламенот брзо бил изгаснат со водени топови, се гледа на снимката.

Ракетата во 17 часот и 25 минути по локално време полета од Старбејс во Бока Чика, Јужен Тексас, достигна висина од 10 километри и изврши низа маневри, вклучително и хоризонтално спуштање.

Спејсекс се соочи со дополнителен притисок да успее со летот, наречен СН15, во средата, откако НАСА минатиот месец објави дека верзија на Старшип ќе се користи како летало за Месечината кога американската вселенска агенција ќе ги врати луѓето на Месечината.

Но, договорот вреден 2,9 милијарди долари во моментов е блокиран откако две ривалски компании – Блу ориџин на Џеф Безос и Дајнетикс поднеле жалба.

Доколку договорот ги преживее тие жалби, ќе го трансформира Старшип од играчка на Маск во голем потфат финансиран од даночни обврзници, со целиот надзор што тоа со себе го носи.

Првите два пробни лета на Старшип, СН8 и СН9, експлодираа при слетувањето кога беа лансирани во декември, односно февруари.

Следниот, СН10, успешно слета, а потоа експлодираше неколку минути подоцна, на 3 март.

Емитувањето на видеото било прекинато за време на четвртиот тест лет, СН11, а Маск подоцна потврди дека и тој експлодирал, овој пат на сред лет.

Спејсекс планира да го комбинира леталото Старшип со ракетата Супер хеви, создавајќи целосно нов систем за длабоко истражување на нашиот Сончев систем.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе