Во југозападна Кина археолозите откриле златна маска стара 3.000 години (ВИДЕО)

Археолози пронашле остатоци од златна маска стара 3.000 години на археолошки локалитет во кинеската покраина Сечуан. Маската тежи околу 280 грама и се проценува дека е изработена од 84 проценти злато, пишува Си-ен-ен.

Screenshot

„Оваа свечена маска е една од повеќе од 500 предмети што ги ископаа археолозите од шест новооткриени ‘жртвени јами’“, објави Националната управа за културно наследство.

Артефактите се пронајдени во Санксингдуи, област што зафаќа 11,9 квадратни километри и се наоѓа недалеку од главниот град на провинцијата Сечуан, Ченгду.

Некои експерти веруваат дека новооткриените предмети би можеле да бидат извор на нови сознанија за древната држава Шу, кралството што владеело со западниот слив на Сечуан сè додека не било освоено, во 316 година п.н.е. Покрај златната маска, археолозите откриле и златни фолии и артефакти изработени од бронза, жад и слонова коска.

Во шест јами, од кои најголемата има 19 квадратни метри, откриени биле и неотворена дрвена кутија и бронзен сад со слика на був.

Повеќе од 50.000 древни артефакти се пронајдени во Санксингдуи од 1920-тите. Тогаш локален земјоделец случајно наишол на голем број скапоцености. Во 1986 година, таму биле пронајдени два големи јами со повеќе од 1.000 скапоцености, вклучувајќи добро сочувани бронзени маски.

По долга пауза во археолошките истражувања, кон крајот на 2019 година откриени се нови јами за кои експертите сметаат дека биле користени во жртвени цели, што го објаснува фактот дека бројни предмети биле ритуално изгорени пред да бидат внатре вметнати и закопани.

Се верува дека областа Санксингдуи се наоѓала во центарот на државата Шу, за што историчарите знаат релативно малку поради ретките записи. Наодите пронајдени на ова место датираат од 12 и 11 век п.н.е., а многу предмети се изложени денес во музејот што е отворен таму.

Откритијата несомнено ќе придонесат за разбирање на развојот на цивилизациите во древна Кина. Доказите за единствена култура на Шу укажуваат на тоа дека кралството се развивало независно од соседните заедници во долината на Жолта река, која традиционално се смета за лулка на кинеската цивилизација.

Иако сè уште не е на списокот на светско културно наследство на УНЕСКО, Санксингдуи во догледно време може да се најде на списокот. Агенцијата на ООН ги смета археолошките локалитети Шу за „исклучителен приказ на цивилизацијата од бронзеното доба во Кина, источна Азија и светот“.

Легенда под Главна слика

Screenshot

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе