Во Исланд лансирана најголемата светска фабрика за директна апсорпција на СО2 од воздух (ВИДЕО)

Најголемата фабрика на светот за апсорпција на јаглерод диоксид директно од воздух, лоцирана во Исланд, започна со работа во среда, соопшти компанијата Клајмуоркс, која стои зад овој проект.

Фото: ЕПА

Проектот за развој на фабриката е резултат на заедничка работа на швајцарскиот старт-ап Клајмуоркс, специјализирана за апсорпција на јаглерод диоксид директно од воздух, и исландската компанија Карбфикс за складирање на јаглерод.

Фабриката може да апсорбира до четири илјади тони СО2 годишно, што е количина што за една година го испуштаат околу 790 автомобили. Минатата година, глобалната емисија на СО2 изнесувала 31,5 милијарди тони, покажуваат податоците на Меѓународната енергетска агенција (ИЕА).

Директната апсорпција од воздухот е една од неколкуте технологии за извлекување на јаглерод диоксид од атмосферата. Научниците велат дека овој метод е клучен за намалување на глобалното затоплување, кое се смета дека е причина за топлотните бранови, пожари, поплави и зголемување на нивото на морето.

Фабриката, наречена Орка - што е исландски збор за енергија - се состои од осум големи резервоари, слични на оние што се користат за транспорт на стока. Резервоарите се опремени со високотехнолошки филтри и вентилатори за екстракција на јаглерод диоксид.

Изолираниот јаглерод потоа се меша со вода и се таложи длабоко под земја, каде што полека се претвора во карпа. Комплетниот систем, кој вклучува екстракција и таложење, се придвижува со обновливи извори на енергија, односно енергија од блиска геотермална електрана.

Директната апсорпција на СО2 од воздухот е сè уште нова и скапа технологија, но експертите кои се занимаваат со неа се надеваат дека трошоците ќе бидат помали со пораст на бројот на компании и потрошувачи кои настојуваат да го намалат својот јаглероден отпечаток.

Во моментов, постојат 15 активни постројки за директно извлекување CO2 од воздухот во светот, кои заедно, според ИЕА, апсорбираат повеќе од девет илјади тони јаглерод диоксид годишно.

Американската нафтена компанија Оксидентал во моментов ја развива најголемата фабрика за директно извлекување на милион тони јаглерод диоксид од воздухот годишно, во близина на неколку нафтени полиња, во регионот на Тексас, кои се во сопственост на компанијата.

Клајмуоркс неодамна потпиша десетгодишен договор за откуп на јаглерод диоксид со водечката швајцарска осигурителна компанија Суис Ре, а компанијата нуди и претплатничка услуга, која на потрошувачите им овозможува месечно отплаќање на трошоците за отстранување на јаглерод.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе