Во богатите земји најмногу се умира од рак

Срцевите болести повеќе не се водечката причина за смрт во богатите земји, сега тоа е карциномот кој би можел да стане најголем светски убиец за само неколку децении ако продолжат сегашните трендови, предупредија научниците.

Објавувајќи ги резултатите на две големи студии во медицинскиот магазин Лансет, научниците изјавија дека изнеле докази за нова глобална „епидемиолошка транзиција“ меѓу различните видови хронични болести.

Додека кардиоваскуларните болести остануваат, засега, водечката причина за морталитет низ светот меѓу луѓето во средни години, и на нив отпаѓаат 40 отсто од сите умирања, тоа повеќе не е случај во земјите со високи приходи каде ракот сега убива двојно повеќе луѓе од срцевите заболувања, покажале резултатите на студиите.

„Нашиот труд покажа дека ракот бил втората најчеста причина за смрт во светот во 2017 и дека на него отпаѓаат 26 отсто од сите умирања. Но, додека стапката на срцеви болести продолжува да паѓа, карциномот би можел да стане водечката причина за смрт низ светот за само неколку децении“, кажа Жил Дежене, професор на Универзитетот Лавал во Квебек во Канада, еден од лидерите на истражувањата.

Од околу 55 милиони умрени во светот во 2017, кажаа научницитте, околу 17,7 умреле од кардиоваскуларни болести.

Во позадината на околу 70 отсто од тие болести се високиот крвен притисок, високиот холестерол, лошата исхрана и пушењето – фактори на кои може да се влијае. Во земјите со добар приход лекувањето на високиот холестерл и притисокот со лекови помогнало во намалувањето на стапките на заболени од срцеви болести во последните децении.

Тимот на Дежене кажа дека нивните откритија сугерираат дека причината за повисоките стапки смрт од срцеви болести во сиромашните земји може да биде послабиот квалитет на здравствена нега.

Истражувањата покажале дека стапките на првата хоспитализација и користењето лекови за срцеви болести се многу пониски во посиромашните земји и оние со средни приходи отколку во богатите земји. Ова истражување е дел од урбаната и рурална епидемиолошка студија (ПУРЕ), објавена во Лансет и претставена на ЕСЦ конгресот во Париз.

Меѓу анализираните земји биле Аргентина, Бангладеш, Бразил, Чиле, Филипини, Индија, Иран, Јужноафриканска Република, Канада, Кина, Колумбија, Малезија, Пакистан, Полска, Саудиска Арабија, Шведска, Танзанија, Турција, Обединетите Арапски Емирати и Зимбабве.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе