Виртуелната обука на пилотите на најновиот американски суперавион Ф-35 (ВИДЕО)

Американскиот борбен авион Ф-35 важи за најскапата воена програма во историјата на САД. Неодамна и новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамо предупреди дека трошоците на програмата за развој и производство на Ф-35 целосно избегале од контрола, пренесува Бизнис инсајдер.

Трошоците на производството на најсовремениот борбен авион Ф-35 го надминаа предвидениот буџет уште во моментот кога почна програмата. Ф-35 лајтнинг 2, ловец-бомбардер невидлив за радарите, спаѓа во борбените авиони од петтата генерација и според оценките на експертите, ќе го замени Ф-16 и значително ќе ги засили американските воздухопловни сили и морнарицата.

Програмата Ф-35 почна во деведесеттите години и трошоците за програмата според Пентагон изнесуваат над 400 милијарди долари за околу 2.500 летала, за чиј развој е задолжена компанијата Локид Мартин.

Погледнете како изгледа виртуелната обука на пилотите кои ќе управуваат со овој авион.

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе