Вирџин хајперлуп го спроведе првиот тест со патници (ВИДЕО)

Вирџин хајперлуп на Ричард Бренсон успешно го спроведе првото тестирање со патници во капсулата во ултрабрзиот систем за транспорт во пустината во Невада. Ова е клучно достигнување на таканаречениот петти вид на транспорт.

EPA-EFE

Во неделата директорите на Вирџин хајперлуп Џош Гигел, шефот за технологија, и Сара Лукијан, директорката за патничко доживување, се провозеа со брзина од 172 км/ч низ Девлуп – тестната патека во Лас Вегас долга 500 метри и со дијаметар од 3,3 метри, патување кое траеше само 15 секунди.

Вирџин хајперлуп соопшти дека спровеле околу 400 тестови без патници, но овој тест со луѓе беше следниот голем чекор кон комерцијална електрична пропулзија со пасивна магнетна левитација низ речиси целосно вакуумизирана цевка. Технологијата, ако некогаш стигне до реализација, има огромен потенцијал да го револуционизира транспортот и на луѓе и на товар.

Крајната цел е транспорт на патници и товар низ вакуумски цевки со брзина од над 900 км/ч. На пример, за пат од Њујорк до Вашингтон (328 км) би биле потребни само 30 минути, доколку Хајперлуп некогаш стане реалност. За споредба, шангајскиот Маглев кој се смета за најбрзиот комерцијален воз на Земјата, може да достигне максимална брзина од „само“ околу 480 км/ч.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе