Вирџин галактик стигна до работ на вселената (ВИДЕО)

Најновиот тест-лет на Вирџин галактик на сер Ричард Бренсон успешно стигна до работ на вселената и назад.

Патничкиот брод „Спејс шип ту“ на компанијата достигна висина од 82,7 километри, што е над висината на која американските агенции ги доделуваат астронаутските беџови со крилја.

Ова е четвртиот тест-летот на авионот, а следува по претходните неуспеси во вселенската програма на фирмата.

Сер Ричард е во трка со Илон Маск и Џеф Безос за тоа кој прв ќе ги испрати првите патници во вселената што ќе платат за тоа.

Тој во 2004 година ја основа компанијата за комерцијални вселенски летови, кратко време откако Маск го основа Спејсекс, а Џеф Безос го основа Блу ориџин. Во 2008 година, Вирџин галактик прв вети дека суборбиталните патувања за туристи ќе почнат „во рок од 18 месеци“. Оттогаш тој редовно дава слични ветувања дека во блиска иднина ќе има воздушни летови.

Но одложувањата и фаталниот пад во 2014 година ги спречија првичните амбиции на сер Ричард.

Во четвртокот, патничкиот ракетен брод Спејс шип ту полета од пустината Мохаве во Калифорнија.

Компанијата соопшти дека моторот на вселенскиот брод согорел за 60 секунди, патувајќи со 2,9 пати поголема брзина од таа на звукот додека да ја постигне височината.

Ракетата носеше двајца пилоти и кукла по име Ени, како и четири истражувачки експерименти за НАСА.

„Денес ние покажавме дека Вирџин галактик може да му ја отвори вселената на светот“, рече сер Ричард.

Американската влада им доделува значка со крилја на пилотите што ќе се искачат над 80 километри од површината на земјата.

Но со вчерашниот лет не беше пробиена 100-километарската Карманова линија, која многу организации ја користат за решавање на дебатите за тоа каде почнува вселената.

Иако патувањето означува пресвртница за Вирџин галактик, ривалите на фирмата веќе стигнаа подалеку - но без луѓе во леталата.

Спејсекс, во партнерство со НАСА, планира екипажни мисии за почетокот на следната година. Безос, исто така, рече дека дека Блу ориџин планира да го испрати својот прв екипаж во вселената во 2019 година.

Вирџин галактик, кој наплаќа 250.000 долари за 90-минутен лет, изјави дека повеќе од 600 луѓе купиле билети или оставиле капар за евентуалното патување.

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе