НАСА

Венера можеби била како Земјата сè додека некоја климатска катастрофа не ја претворила во денешниов пекол

Истражувачите тврдат дека планетата Венера може да била погодна за живот 3 милијарди години, пред одредени големи климатски промени. Некој вид ефект на стаклена градина може да ги создал сегашните „пеколни“ услови на планетата.

Работата спроведена од Еуропланет сосаети покажува дека планетата Венера можеби била погодна за живот 3 милијарди години со клима како нашава на Земјата.

Ефектите од стакленички гасови можеби ја претвориле во ваква „пеколна куќа“ каква што е денес.

Венера ѝ е најблискиот сосед на Земјата и има слична големина и маса, но никогаш не била сериозно разгледувана за меѓупланетарни експедиции или како потенцијален дом на вонземски живот, бидејќи има просечна температура од 462 Целзиусови степени.

Сепак, истражувањето покажува дека во поголем дел од нејзината историја на површината на планетата била можна умерена клима од 20 до 50 Целзиусови степени.

Непознат настан или серија настани можеби предизвикале „испуштање гасови“ пред 750 милиони години, предизвикувајќи засилени услови на стакленички гасови, поради што температурите драстично пораснале.

„Нашата хипотеза е дека Венера можеби имала стабилна клима милијарди години“, рече еден од истражувачите, д-р Мајкл Веј од Институтот за вселенска наука „Годард“ на НАСА.

„Можно е некое речиси глобално создавање на кората да е одговорно за нејзината трансформација од клима слична на Земјата во пеколнава куќа што ја гледаме денес“.

 

„Ни требаат повеќе мисии“

Долго се веруваше дека Венера е премногу топла и премногу блиску до Сонцето за некогаш да имала течна вода. Сепак, сценаријата предложени од Веј велат дека бил можен длабок океан во просек од 310 метри.

„Венера во моментов има скоро двојно поголемо сончево зрачење од ова што го имаме на Земјата“, рече Веј. „Сепак, во сите сценарија што ги моделиравме, откривме дека Венера сè уште може да има површински температури што би овозможиле течна вода“.

Како и да е, на некои аспекти од прашањето дали Венера некогаш можело да биде населива сè уште не може целосно да се одговори. Сè уште не е познато колку брзо се ладела Венера. Исто така, не постои начин да дознаеме дали некогаш имало вода на површината на планетата, дури и ако условите биле соодветни.

„Ни требаат повеќе мисии за да ја проучиме Венера и подетално да ги дознаеме нејзината историја и еволуција“, рече Веј. „Како и да е, нашите модели покажуваат дека постои реална можност Венера да била поволна за живеење и радикално поинаква од оваа Венера што ја гледаме денес“.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе