Во Канада

Вечниот мраз почна да се топи 70 години порано, научниците изненадени

Вечниот мраз на станиците на канадскиот Арктик се одмрзнува 70 години порано од предвиденото, откри една експедиција. Ова е последниот знак дека глобалната климатска криза се одвива дури и побрзо од што се плашеа научниците.

Научниците од тимот од Универзитетот во Алјаска Фербенкс рекоа дека биле вчудовидени од тоа колку брзо една низа од невообичаено топли лета ги дестабилизирала горните слоеви на џиновските подземни блокови мраз, кои со милениуми биле цврсто замрзнати.

„Она што го видовме беше неверојатно“, рекол за Ројтерс по телефон Владимир Е. Романовски, професор по геофизика на универзитетот. „Тоа е знак дека климата сега е потопла отколку во кое било време во последните 5.000 или повеќе години.“

Додека владите неделава се состануваат во Бон во обид да ги зголемат амбициите во преговорите за климата во Обединетите нации, наодите на тимот, објавени на 10 јуни во Геофизички истражувачки писма, дадоа уште еден знак за зголемената климатска криза.

Документот е базиран на податоци што Романовски и неговите колеги ги анализирале од нивната последна експедиција во областа во 2016 година. Тимот користел модифициран пропелерски авион за да ги посети исклучително оддалечените локации, меѓу кои и една напуштена радарска база од времето на Студената војна, повеќе од 300 км од најблиската населба.

Романовски и неговите колеги рекоа дека низ облаците виделе пејзаж во кој не можело да се препознае исконскиот арктички терен што го виделе за време на првичните посети пред околу една деценија.

Видикот е растопен во брановидно морe од ритчиња - вдлабнатини длабоки до појас и езерца познати како термокарст. Вегетацијата, некогаш ретка, сега почнала да буе, засолнета од постојаниот ветер.

Раскинат меѓу професионалната возбуда и злокобноста, Романовски вели дека сцената го потсетила на последиците од бомбардирање.

„Ова е како канаринец во јагленокоп“, вели Луиз Фаркухарсон, постдокторски истражувач и коавтор на студијата. „Многу е веројатно дека овој феномен влијае на многу поширок регион и тоа е она што ние сега ќе го разгледуваме“.

Научниците се загрижени за стабилноста на вечниот мраз, поради ризикот дека брзото одмрзнување може да ослободи огромни количества гасови што ја заробуваат топлината, покренувајќи магичен круг што за возврат уште повеќе ќе го забрза загревањето.

Дури и ако се спроведат актуелните обврски за намалување на емисиите од Парискиот договор од 2015 година, светот сè уште тешко ќе го избегне ризикот дека овие видови магични кругови ќе предизвикаат неконтролирано затоплување, според моделите што ги користи Меѓувладиниот панел за климатски промени поддржан од ОН.

Додека научниците предупредуваат дека наглите високи температури би го уништиле југот на светот и би ја загрозиле одржливоста на индустриската цивилизација во северната хемисфера, активистите велат дека новиот документ го зајакнал императивот за намалување на емисиите.

„Топењето на вечниот мраз е една од главните точки за климатски колапс и тоа се случува пред нашите очи“, рече Џенифер Морган, извршна директорка на Гринпис интернешнел. „Ова предвремено одмрзнување е уште еден јасен сигнал дека мора да го исфрлиме јагленот од нашите економии и тоа веднаш“.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе