НАСА има неколку совети

Вечерва може да го видите Марс во близина на Месечината! Еве каде да гледате (ВИДЕО)

Марс и Месечината ќе се здружат во прекрасна небесна глетка вечерва (10 февруари), а НАСА има неколку совети што ќе ви помогнат да ја здогледате црвената планета на ноќното небо.

Ако нема облаци, Марс веднаш по зајдисонцето ќе блеска околу 6 степени подолу и подесно од месечината на западното небо.

„На 10-ти, младата месечина ќе се сретне со Марс“, рекоа од Лабораторијата за млазен погон на НАСА во видеоводич.

„Барајте ги на запад околу еден час по зајдисонцето“.

Марс, всушност, е прекрасна планета за гледање на ноќното небо цел месец, вели НАСА.

„Гледајте на запад во првите неколку часа по зајдисонцето цел месец, за да го забележите црвеникавиот Марс“, изјавија официјални претставници на агенцијата.

Ова не е единствената блиска средба што Марс ќе ја има со друг небесен објект. На Свети Трифун (14 февруари), Марс може да се најде во близина на позицијата на астероидот Бену, каде што моментално е орбиталната сонда на НАСА Осирикс-рекс. Бену е премногу мал за да се види без телескоп, но барем ќе знаете каде е, вели НАСА.

„Значи, на 14-ти мавтајте му на Бену, па и на Осирис рекс, кога веќе сте таму“, порачаа од Лабораторијата за млазен погон.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе